Додека Жељко Бебек се подготвува за концертот во загрепската Арена, закажан за 28 октомври, со кој ќе го одбележи јубилејот 50 години на сцена, неговиот бенд објави дека се разделуваат по 10 години соработка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека Жељко Бебек се подготвува за концертот во загрепската Арена, закажан за 28 октомври, со кој ќе го одбележи јубилејот 50 години на сцена, неговиот бенд објави дека се разделуваат по 10 години соработка.

Членовите на бендот на Фејсбук јавно се заблагодарија за соработката со Бебек.

– Сакаме да му се заблагодариме на Жељко Бебек за повеќе од 10 години доверба и соработка – објавија членовите на бендот

Сопругата на Бебек, Ружица, ја коментираше новонастанатата ситуација, која рече дека одлуката не е донесена сега, туку дека тоа трае од порано.

– Оваа не е од сега, тоа трае од порано, само се договоривме да го направиме тоа што треба да се направи со нив. Друг бенд е одамна подготвен – изјави Ружица за хрватските медиуми.

Таа потврди дека нивниот син Звонимир, кој свиреше гитара во бендот, продолжува да работи со својот татко и исто така ќе настапи во Арена со новиот бенд.

Share This Article