Американка направила грешка зборувајќи на телефон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американката Тана Баркер (52) испила Ер Под слушалки додека разговарала на телефон со пријателка. Таа била толку занесена во разговорот со својата пријателка што по грешка наместо витамини ги испила слушалките.

– Утрово ми се случи ситуација со која сè уште не сум се справила. Разговарав со една пријателка – почнала да зборува жената во своето видео на социјалната мрежа ТикТок, која неколку секунди подоцна ја сфатила својата грешка.

– Имав апчиња во раката и ги голтнав моите слушалки Ер Под – им се пожалила жената на своите следбеници на ТикТок.

Таа почнала да паничи и се јавила во болница за да и кажат што да прави. Лекарите ѝ објасниле дека нема друг избор освен да чека слушалката природно да го напушти телото.

– Се согласувам со она што го предложија. Не знам дали некој некогаш го направил тоа. Штета е, но го направив тоа, па ќе видиме што ќе се случи. Ќе ги послушам советите на професионалците. Има и бонус – јас сè уште го имам мојот вистински Ер Под – рекла жената.

Share This Article