Астероидот Бену ќе прелета покрај Земјата на 24 септември 2182 година, според научниците на НАСА.
Земјината гравитација ќе ја промени нејзината траекторија, што ќе го отежне следењето на масивниот астероид со големина на Емпајер Стејт Билдинг. Додека минува покрај Земјата, постои исклучително мала шанса Бену да помине низ таканаречената гравитациона клучалка – регион во вселената што може да ја промени неговата траекторија и да го насочи кон Земјата.
Доколку дојде до промена на траекторијата, астероидот теоретски би можел да удри во Земјата на крајот на 22 век. Потенцијалните последици од неговиот предвиден судир со Земјата би можеле да бидат еднакви на експлозивната енергија на 22 атомски бомби.
Тешко е да се процени колкава е веројатноста Бену да се судри со Земјата, но новите податоци што ги свари вселенското летало „OSIRIS-REx“ им овозможија на научниците на НАСА да пресметаат дека веројатноста астероид да удри во Земјата на 24 септември 2182 година е 0,037 проценти.
Бену беше откриен во септември 1999 година. Тој беше крстен дури во 2013 година од деветгодишно дете од Северна Каролина, кое ја освои честата со победата во играта „Именувај го тој астероид“. Инспирацијата за името ја добил од името на староегипетско божество.
Бену орбитира околу Сонцето по патека што повремено го приближува до Земјата. Иако моментално не претставува директна закана, неговата орбита ја преминува Земјината, и тоа го класифицира како потенцијално опасен астероид.