Јужниот остров на Нов Зеланд го погоди силен земјотрес со јачина од 6 степени, покажуваат податоците на Геолошкиот институт на Нов Зеланд. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Земјотресот во Нов Зеланд се случи нешто по 9 часот по локално време и беше почувствуван во Џералдин, околу 130 километри јужно од Крајстчерч. УСГС ја измери магнитудата од 5,6 степени, а Геолошкиот институт на Нов Зеланд ја измери со 6,0 степени.
Засега нема извештаи за штети, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
Во 2011 година, сличен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа, предизвикувајќи големи штети и убивајќи 185 луѓе.