More

    Исповед на фудбалер кој со недели бил во кома и ослабел 20 килограми: Се запрашал само една работа

    spot_img

    Серхио Рико успешно се опоравува откако животот му висеше на конец.

    Пред неполни четири месеци, голманот на ПСЖ, Серхио Рико доживеа несреќа во Андалузија каде падна од коњот.

    Добил неколку удари со копито, доживеал мозочен удар и во таа прилика го скршил вратниот пршлен. Лекарите долго време се бореа за неговиот живот, тој неколку недели беше во кома, а откако се случи сето тоа, ослабе преку 20 килограми.

    Рико веќе не е ни сенка на тој робустен и бестрашен голман, но во моментов тоа не е ни важно. Најважно е што е жив и дека закрепнувањето оди во вистинска насока.

    „Фала му на Бога, се чувствувам добро. Моето опоравување оди прилично добро, иако ми треба уште многу помош. Среќен сум што сум дома со семејството, сопругата и пријателите“, изјави Рико за официјалниот сајт на ПСЖ.

    „Првото нешто што ми падна на ум кога ме разбудија беше фудбалот. Лежев неподвижно во болничката соба, опкружен со разни апарати и првата мисла беше дали некогаш ќе можам повторно да играм. Ги прашав лекарите за тоа, а тие ми одговорија дека ќе можам“.

    На Рик ќе му треба многу време да се врати во врвниот фудбал, но тој е упорен:

    Сакам повторно да се бранам и се надевам дека тоа ќе се случи веќе оваа сезона“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img