More

    Сончево време со мала до умерена облачност,дневната температура ќе достигне до 31 степен

    spot_img

    Сончево со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ ќе биде 7.

    Утрински температури ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени, а дневната температура ќе достигне до 31 степен – информираат од УХМР.

    Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи од утринските 14 степени до највисоки 30 во текот на денот.

    Во следните денови времето ќе биде повремено нестабилно, но и понатаму со сончево периоди и топло. Во вторник претежно во северните делови и во среда од пладневните часови ќе има појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и краткотрајно засилен ветер, понекаде со поинтензивни процеси. Утринската температура во поголемиот дел од населените места нема многу да се менува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img