More

    Мексико им го екстрадираше на САД Овидио Гузман Лопез, син на затворениот поранешен водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“

    spot_img

    Мексико им го екстрадираше на САД Овидио Гузман Лопез, син на затворениот поранешен водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, за да се соочи со обвиненијата за трговија со дрога – изјави синоќа американскиот министер за правда Мерик Гарланд.

    – Оваа акција е последниот чекор во напорите на Министерството за правда да го нападне секој аспект од работењето на картелот – рече Гарланд.

    Тој додаде дека Министерството за правда ќе продолжи да бара одговорност „од оние кои се одговорни за поттикнување на епидемијата на дрога што опустоши премногу заедници низ целата земја“.

    Во април американските обвинители објавија долги обвиненија против Гузман и неговите браќа. Тие детално опишаа како синовите го воделе картелот, сè повеќе во трговијата со синтетички дроги како што се метамфетамин и моќниот синтетички фентанил, по екстрадицијата на таткото и можната доживотна казна затвор во САД.

    Мексиканските безбедносни сили го фатија Гузман Лопез, познат како „Глувче“, во јануари во Кулијакан, главниот град на мексиканската држава Синалоа, по што картелот го добил своето име.

    Владата се обидуваше да го уапси пред три години, но ја прекина операцијата кога сојузниците на картелот започнаа бран на насилство во Кулијакан. Апсењето во јануари предизвика слично насилство во кое беа убиени 30 луѓе во тој град, меѓу кои и десет припадници на армијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img