Министерството за правда информира дека ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства, за што наскоро ќе биде објавен предлог за дополнување на Законот за јавното обвинителство.
„Донесувањето на Закон за дополнување на Законот за јавно обвинителство произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот.
Како што е познато, Министерството за правда, според Законот за судовите, врши редовен надзор врз функционалноста на АКМИС во судовите. Министерството за правда по спроведените надзори во судовите, изготвува записници и истите јавно ги објавува на веб страната на Министерството за правда и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија. Исто така, Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страната на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС“ – се вели во соопштенето на Министерството за правда.
фото: МИА