За време на посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија, тврди Кремљ. Но, Западот сепак, стравува дека Москва сака да купи оружје од Пјонгјанг за војната во Украина.
-Ниту еден договор не беше потпишан и не беше предвиден – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали е склучен некаков договор, воен или од кој било друг вид.
Покрај оружјето што би можела да и го продаде на Русија, постои соменвање дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија за нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Ким на средбата рече дека приближувањето со Москва е апсолутен приоритет на неговата надворешна политика, а Путин го пофали зајакнувањето на нивната соработка. Путин зборуваше и за перспективите за воена соработка и покрај меѓународните санкции наметнати на Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Ким денеска пристигна во градот Комсомолск на Амур на рускиот далечен исток и посети фабрика која произведува воени авиони и друга опрема, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Американските и јужнокорејските власти изразија загриженост дека Ким ќе разговара со Путин за испорака на оружје и муниција за Русија, која потроши огромни резерви во повеќе од 18 месеци војна во Украина. Москва и Пјонгјанг ги негираа таквите намери.