Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов ќе го заокружи својот поход во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Во неговата група, слободно може да се каже дека шампионската позиција е веќе извесна. Бузет е една од легендарните трки во европскиот календар со импресивна конкуренција во сите категории.
– Ова е последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. За мене ова е историска шанса за освојување на европската титула. Мојата цел е освојување на европскиот трон во генерален пласман со повеќе од 350 натпреварувачи, кои се појавија на сите натпревари во рамки на шампионатот. Мој најголем ривал во моментов е францускиот натпреварувач Николас Вивер, кој вози со целосна поддршка на тимот од најпознатиот и најуспешен рели натпреварувач, Себастијан Лоеб. Ако успееме, ова ќе биде историска, трета европска титула од спортист и спортски клуб во Македонија досега – вели Стефановски.
Видеолотарија Касинос Австрија силно верува и го поддржува летечкиот Македонец во неговите шампионски амбиции.