More

    Путин смета дека САД ги повторува потезите на Советскиот сојуз

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека одлуката на Советскиот Сојуз да испрати тенкови во Унгарија и Чехословачка за да ги задушат масовните протести за време на Студената војна е грешка, јавува Ројтерс.

    – Тоа беше грешка – рече Путин на прашањето за тоа дека на Русија некои гледаат како на колонијална сила поради одлуката на Москва да испрати тенкови во Будимпешта во 1956 година и во Прага во 1968 година.

    – Не е правилно да се прави нешто во надворешната политика што им штети на интересите на другите народи – рече Путин.

    Путин рече дека САД ги прават истите грешки како Советскиот Сојуз. Тој рече дека Вашингтон „нема пријатели, туку само интереси“.

    Што се случи во Унгарија во 1956 и во Прага во 1968 година?

    Унгарското востание во 1956 година беше задушено од советски тенкови и војници. Во борбите загинаа најмалку 2.600 Унгарци и 600 советски војници.

    Прашката пролет, пак, во 1968 година беше завршена кога силите на Варшавскиот пакт предводени од Советскиот Сојуз ја нападнаа Чехословачката Социјалистичка Република. Според чешките историчари, како резултат на инвазијата загинале околу 137 Чеси и Словаци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img