Каде е Фондот за здравство, дава средства, ја контролира работата на јавните здравствени институции, за проблемот Онкологија се зборува долго време, а последните две години премногу и дури сега стартуваше некоја истрага од која нема ништо – рече доктор Андон Чибишев член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот Онкологија во гостување на емисијата За или против на телевизија Алфа.
-Некој внатре во институцијата многу нечовечки, морбидно крател дози, јас сега шпекулирам од тоа што читам, луѓе сведочат за чување ампули во џеб. Јас читам изјави од засегнати, како им се барале пари, услуги за да може некој да се лекува. Тоа е под секое ниво, тоа е дно. Ние не треба да ги бараме виновниците, има државни институции кои ги плаќаме за тоа, за да утврдат што се случувало и да не информираат кои се тие и истите да одговараат – вели Чибишев.
Докторот додаде дека кај нас има низа случаи, низа на починати и никаква казна.
Чибишев се соврна на и на тоа што като системот не е ставен во функција, а го има.
-Тој систем можел да врши контрола и ќе се знаело како влегуваат во Клиниката, како се трошат, што останува. Зошто е исклучен? Веројатно само тие кои го направиле тоа можат да го објаснат. Државата набавила таков систем, а не го употребувале. Сите држави го имаат и го користат, а ние го исклучуваме за сами да си мериме. Тоа што го направиле тие било со умисла, имале намера што ќе прават, па го исклучиле – кажа Чибишев.
Според докторот мора да има разрешница и транспарентност за случајот на Клиниката за онкологија.
-Овој случај има има име и презиме, тоа мора да се каже за да се смират граѓаните и да се врати довербата во здравството – истакна Чибишев.