More

    Хаос во Тирана: Изби навивачка тепачка, албански фудбалер покажа тетоважа на ОВК

    spot_img

    Несакани сцени.

    Албанските фудбалери победија во Тирана Полска со 2:0, во натпревар од групата Е.

    Стрелци беа Јасир Асани во 37 и Мирлинд Даку во 62 минута.

    Натпреварот сепак го одбележаа скандалозни сцени.

    Во Тирана имаше неколку стотици полски навивачи, кои дојдоа да ја бодрат својата репрезентација, а кои се познати и по високо организираните навивачки групи. Исто така, Полјаците во неколку наврати јавно го искажаа својот став и јасно кажаа дека Косово го сметаат за дел од Србија и оттогаш се појавија тензични односи со Албанците.

    Испровоцирани од Албанците, Полјаците тргнале кон нив, но полицијата спречила посериозни судири. Летаа столчиња, во теренот беа фрлени факели, а натпреварот мораше да биде прекинат на неколку минути. Исто така, за време на прославата на голот, Даку ја покажа тетоважата на Агим Рамадани од ОВК на грбот!

    Даку е роден во градот Гњилане, играше за репрезентацијата на Косово, но оваа година реши да игра за Албанија и дебитираше.

    Во вториот натпревар во таа група, Молдавија на гостински терен ги победи Фарски Острови со 1:0.

    Албанија е прва на табелата со 10 бода од пет натпревари, а втора е Чешка со осум бодови и натпревар помалку. Трета е Молдавија со осум бодови, Полска има шест, а Фарските Острови на петтото место имаат еден бод.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img