Алармантни се резултатите од најновото истражување за ширењето на ракот кај помладите.
Научниците открија дека помеѓу 1990 и 2019 година, имало зголемување од 79% на нови случаи на рак кај луѓето на возраст под 50 години. Во истражувањето, спроведено од тим од Универзитетот во Единбург и медицинското училиште на Универзитетот Жеџијанг во Кина, научниците од 204 земји погледнаа што се случува со 29 видови на рак и открија дека податоците за луѓето на возраст меѓу 14 и 49 години години, алармантно.
Во 2019 година имало дури 3,26 милиони новодијагностицирани случаи на рак кај лицата помлади од 50 години, што е зголемување за 79,1 отсто во споредба со 1990 година. Смртноста исто така драстично се зголемила, поточно за дури 27,7 отсто.
Иако и генетиката игра улога во тоа, научниците предупредуваат дека главни фактори на ризик за рак се пушењето, консумирањето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но дефицитарна со овошје и млеко. Сето ова, заедно со вишокот на телесна тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта, претставува висок ризик за развој на болеста, очигледно и сега кај возрасната група од 14 до 49 години.
Ракот на дојката, ракот на грлото, ракот на простата се многу чести. Но, има помалку рак на црниот дроб.
Научниците открија најмногу видови на рак кај луѓето под 50 години во Северна Америка, Австралија и Западна Европа.
Авторот на студијата, др. Ксуе Ли, од Центарот за глобално здравје на Универзитетот во Единбург, рече дека добрата вест, барем, е што бројките не се дури и поголеми поради програмите за скрининг и напорите што се вложуваат во нив.