Кина може да користи вештачка интелигенција за да внесува забуни кај гласачите во САД и да ги поттикне поделбите пред претседателските избори во 2024 година, се вели во нов извештај.
Аналитичарите во Мајкрософт предупредија во блог пост во четвртокот дека Пекинг развил нова способност за вештачка интелигенција која може да произведе „привлечна содржина“ со поголема веројатност да стане вирална во споредба со претходните операции на кинеско влијание.
Според Мајкрософт, шестмесечниот проект се чини дека користи генератори на вештачка интелигенција кои се способни да произведат визуелно збунувачки слики и исто така да ги подобрат со текот на времето.
„Набљудуваме актери поврзани со Кина како користат визуелни медиуми генерирани од вештачка интелигенција во широка кампања која главно се фокусира на политички поделени теми, како што е насилството со оружје и оцрнување на политичките личности и симболи на САД“, објави Мајкрософт.
„Можеме да очекуваме Кина да продолжи да ја усовршува оваа технологија со текот на времето, иако останува да се види, како и кога ќе ја примени“, се додава во анализата од американската компанија.
Кина во четвртокот ги отфрли овие тврдења на Мајкрософт.