More

    Кремљ реагира со предупредување

    spot_img

    Кремљ денеска предупреди дека американскиот план во Украина да  испраќаат средства запленети од санкционирани руски претприемачи е незаконски и дека САД ќе бидат одговорни за последиците од одлуката за испраќање муниција со осиромашен ураниум во Украина.

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Киев изјави дека Вашингтон на Украина ѝ префла 5,4 милиони долари во „имот одземен од санкционирани руски олигарси, кои сега ќе се користат за поддршка на украинските воени ветерани“.

    На тоа реагираше властите во Москва.

    – Ова е тешко да се замисли и е спротивно на сè во меѓународното право и националните закони на тие земји. Штом ќе се укаже прилика, ние ќе ги браниме нашите права – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Песков рече дека некои руски претприемачи веќе добиле судски пресуди во европските земји според кои, таквите трансфери се сметаат за незаконски.

    – Ниту еден случај на такво незаконско задржување нема да остане незабележан – изјави Песков.

    Кремљ, исто така, предупреди дека САД ќе мора да одговорат за „многу тажните“ последици од одлуката за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум.

    Противниците на оружјето како што е меѓународната коалиција за забрана на оружјето со ураниум предупредуваат на штетната прашина од употребата на таквото оружје и опасноста од загадување на подземните води и почвата. Земјите како САД и Велика Британија тврдат дека осиромашениот ураниум е добро средство за уништување на модерен тенк бидејќи неговата висока густина му овозможува да навлезе во оклопот.

    Велика Британија во своите упатства наведува дека е тешко да се вдишува доволно прашина од осиромашен ураниум која би довела до негативни последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img