Ураганот Идалија наводно ги однел мексиканските фламинго до Охајо. Станува збор за ураган што беснееше над Куба, покрај брегот на Мексиканскиот залив и над Флорида минатата недела со обилни врнежи и ветрови до 200 километри. Орнитолозите веруваат дека Идалија заробила јато фламинго додека летале меѓу полуостровот Јукатан во Мексико и Куба.
Долгоногите розови птици првпат беа забележани на Флорида, каде што се појавија откако ураганот Идалија се пресели преку Карипското Море и го погоди југоисточниот дел на САД како ураган од трета категорија, објави британската јавна медиумска мрежа Би-Би-Си.
„Никогаш не сум видел нешто слично“, изјави орнитологот од Флорида Џери Лоренц за британскиот Би-Би-Си. Откако фламинго беа видени на Флорида, вестите за видувања почнаа да стигнуваат од Јужна и Северна Каролина и Вирџинија. Пред да стигнат птиците во Охајо, тие наводно биле видени во Тенеси, Алабама и во државата Кентаки.
Најсеверните фламинго се забележани во паркот на езерото Цезар Крик во близина на Вејнсвил во југозападниот дел на Охајо. Американските медиуми јавуваат дека случајни минувачи забележале возрасен фламинго и младенче во паркот, додека не биле исплашени и избркани од куче.
Орнитологот Џери Лоренц ги предупредува љубопитните набљудувачи на птици да бидат внимателни. „Птиците во моментов се иритирани, бидејќи штотуку завршија крајно заморно патување“, нагласува Лоренц, кој не е загрижен дека фламингото нема да може да се вратат во потоплите места до зима, бидејќи можат да летаат илјадници километри без никакви проблеми. .
И покрај фактот дека фламингото се исто така вообичаени во Соединетите Држави, тие во последно време многу ретко се гледаат, што ги направи уште повозбудливо да ги видат на Флорида. Еден процент од светската популација на фламинго живее на Флорида, но нивниот број драстично се намалува поради ловокрадството.
„Навистина е изненадувачки што фламинго се појавија на север и на југ по патеката по која пустошеше ураганот Идалија“, рече Лоренц.
Ураганот Идалија е инаку најсилниот ураган што го погодил регионот на Мексиканскиот Залив во последните 125 години.