Истражувачите веруваат дека мечевите биле оставени во оддалечена пештера од еврејските бунтовници против Римската империја во вториот век од нашата ера.
Мечевите се датирани врз основа на нивната типологија и сè уште не биле подложени на радиокарбонско датирање.
Откритието е дел од истражувањето на Јудејската пустина од страна на Управата за антиквитети, чија цел е да документира и ископува пештери во близина на Мртвото Море и да ги обезбеди свитоците и другите скапоцени артефакти пред ограбувачите да имаат шанса да ги украдат.
Иако мечевите биле пронајдени на источниот крај на Римската империја, тие веројатно биле направени во далечна европска провинција и војската ги донела во Јудеја, вели Гајус Стибел, археолог од Универзитетот во Тел Авив, специјализиран за римска воена историја.
Тој рече дека нивното зачувување е исклучително ретко за римското оружје, со само мал број такви зачувани примероци пронајдени од други делови на империјата.
Извор: Ројтерс