Денеска (05.09.2023) во 06.00 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б.(63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.09.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.09.2023 во 04.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(24) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2023 околу 23.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода гостиварците Г.Е.(48), Л.Ф.(36) и швајцарскиот државјанин Р.Б.(33). При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана, додека на Г.Е. му бил одземен и нож. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 04.09.2023 околу 19.15 часот на крстосницата на улиците „Штипска“ и „Гостиварска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот М.Љ. од тетовско Слатино затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.09.2023 околу 20.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец Љ.И. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 04.09.2023 во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 04.09.2023 околу 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, С.Т.(63) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 04.09.2023 околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(35) од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 04.09.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.С.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.09.2023 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, С.Т.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„692“ во Момин Поток – Скопје бил каснат од куче скитник.
На 04.09.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.Ј.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.