Жена од Нов Зеланд имала стомачни болки 18 месеци по царскиот рез, сѐ додека со абдоминален КТ скен не бил откриен оперативен инструмент, кој бил заборавен во нејзиното тело.
Предметот наречен Alexis wound retractor (AWR) или во превод, Алексис повлекувач на рани бил со големина на чинија.
Инструментот бил оставен во стомакот на жената откако се породила во Градската болница во Оукленд во 2020 година. Комесарот за здравје и попреченост на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел утврдил дека болницата го прекршила Правилникот за правата на пациентите.
Д-р Мајк Шеферд, директор за операции на установата во Оукленд, се извинил за грешката и уверил дека веќе се работи на спроведување на препораките на надлежните.