More

    Зеленски бара да се смени министерот за одбрана на Украина

    spot_img

     Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија запдни медиуми.

    Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција.

    – Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина – рече Зеленски.

    Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада.

    Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров.  Умеров, 41-годишен поранешен адвокат, го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img