Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд. Температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови. УВ индескот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне 31 степен Целзиусов.
Следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.