Осум лица се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрумот на културниот центар во Чрна на Корошкем. На гасот инаку биле изложени 32 лица. Затруените, меѓу кои и седум војници, се пренесени на лекување во болница.Главниот медицински офицер на словенечката армија Роберт Карота преку соопштение за медиумите објави дека чистењето на подрумските простории се одвивало попладнето, предводено од противпожарната служба. На гасот биле изложени 32 лица, од кои 18 припадници на македонската армија, осум пожарникари и шест припадници на словенечката армија.
Сите изложени биле прегледани и третирани на лице место. Тој процени дека сите се надвор од животна опасност, а во исто време во болниците на понатамошно лекување како превентивна мерка се испратени пет припадници на словенечката војска, двајца припадници на македонската армија и еден пожарникар. Со хеликоптер биле пренесени во Градец, Марибор, Тополшица и Љубљана.
Во вечерните часови здравствената состојба на уште двајца пожарникари се влошила, кои со возило на Брза помош биле пренесени во болница.
Словенечката армија работи во согласност со високи стандарди и безбедносни мерки на подрачјето на Чрна на Корошкем, поради што, како и секогаш, во областа е присутен и медицински тим кој може да обезбеди итна помош и да обезбеди безбедна евакуација. објаснија тие.