Димитров чувствува одговорност што им ветувал на гласачите нешто нереално

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека чувствува одговорност што бил дел од власта и на изборите давал ветувања што се далеку од реалноста.

– Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност -рече Димитров.

Екс министерот за надворешни работи вели дека овој општ башибозук или распад на институциите води кон вакви настани, како што во Тетово и Чаир имаше непочитување на државните симболи.

Според него, проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани.

– Системот ни е таков што не сака способни луѓе – се пожали Димитров.

Toj вели дека мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.

Димитров во однос на ЕУ, рече дека никогаш нема да бидеме зад другите ако си ја работиме работата, ако законот важи за сите.

Share This Article