More

    СКАНДАЛ: ЈП „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“ ВО СТИЛОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ЌЕ КРАДАТ 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЕДИКИР НА ДЕЛНИЦАТА ОХРИД – СВЕТИ НАУМ!!!

    spot_img

    Јавното претријатие „Државни патишта“ на РСМ од први септември, предизборно планира наводна реконструкција на патниот правец „Охрид – ГП Свети Наум“, но наместо реконструкција од ЈП ДП припремаат нова предизборна шегобијна калакурница и повторно на сметка на народот!!!

    ПРЕДИЗБОРНИ ЛАГИ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ?!

    Најнапред да разјасниме, дека воопшто не се работи за никаква реконструкција на патниот правец „Охрид – ГП Свети Наум“, туку напротив за предизборна лага и шминка на постојниот патен правец кој е изграден во далечната 1954 година. Во 2001 година, тогашната влада предводена од Љубчо Георгиевски изврши комплетна реконструкција на дел од патниот правец „Охрид – ГП Свети Наум“, од месноста Билјанини Извори, до месноста Свети Стефан. И после 20 години оваа реконструирана делница постана црна точка во сообраќајот, поради денивелации на коловозните ленти, кои цели 22 години воопшто не се реконструирани, што допринесува да има лизгав и денивелиран коловоз како резултат од енормниот сообраќај кој се одвива на оваа делница.

    Останатиот дел од делницата „Охрид – ГП Свети Наум“ после потегот на Свети Стефан претставува вистинско хорор возење, посебно во летниот дел, каде имаме и автобуски сообраќај, па така патувањето до граничниот премин Свети Наум наликува како патување по врвовите на Непал!!!

    ОД ЈП ДП ПРИПРЕМААТ АСФАЛТЕН ПЕДИКИР ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА?!

    Фамозната најавена реконструкција на делницата „Охрид – ГП Свети Наум“ од ЈП Држани патишта, според нивниот план треба да започне од месноста „Градиште“ до селото Љубаниште. На овој потег ќе се возобнови само асфалтаната површина со дебелина од 2 сантиметри и ништо повеќе … Како што дознава редакцијата Охридскај, најавеното проширување на оваа делница ќе остане за подобри времиња, но започнувањето на градежните активности требало да се прикажат малку предизборно мегаломански во стилот комплетно проширување на делницата „Охрид – ГП Свети Наум“, за подоцна да се најде оправдување во стилот „УНЕСКО и еколозите “реагираат и не давале согласност!??

    ПРОЕКТОТ НА ЈП Државни патишта, препишан во целост од НИКОЛА ГРУЕВСКИ! 

    Најавениот проект на делницата „Охрид – ГП Свети Наум“ од страна на ЈП ДП, не е ништо ново, туку повторна лага која во 2014 година ја промовираше владата на Никола Груевски.

    Тогаш владата на НИКОЛА ГРУЕВСКИ најави :„Патот на овој потег ќе биде широк 12 метри, ќе има четири ленти, по две во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов во средината на оваа година. Владата веќе размислува и прави финансиска конструкција со цел до крајот на оваа, или на почетокот на наредната година да се почне со реализација на проектот . Секако, во меѓувреме треба да се решат и имотно правните односи, изјави Георгиески. Паралелно се изготвува и втората фаза од истиот проект , за дел од магистралниот пат од Пештани до граничниот премин кај Свети Наум. Согласно потпишаниот договор и обезбедените финансиски средства, проектот  треба да биде готов до крајот  на 2014.Паралелно се изготвува и втората фаза од истиот проект , за дел од магистралниот пат од Пештани до граничниот премин кај Свети Наум. Согласно потпишаниот договор и обезбедените финансиски средства, проектот треба да биде готов до крајот на 2014“, стоеше во изјавата на тогашниот директор на државни патишта Љупчо Георгиевски!

    Доколку се вратат наназад изјавите на претставниците на владата на Никола Груевски, ќе се увиде дека истиот популистички метод е само копи пасте и на оваа влада…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img