На 13.08.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.К.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка.
Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.