More

    Се испеа цензурирана верзија на “Во борба, македонски народе”

    spot_img

    Хорот на МОБ изостави цела строфа од револуционерната македонска песна „Во борба, македонски народе”, отпеана за време на отворањето на прославата за Илинден во Крушево.

    Изоставена беше строфата во која се пее за смелите партизани, кои се борат под знамето на Гоце Делчев.

    Излеговме ние смели партизани,
    над нас на Гоце знамето се вее, во гори,
    полја и на сите страни,
    фашистичка крв насекаде се лее

    Инаку оргиналниот текст на нумерата е составен од четири строфи, вклучително и изоставената трета строфа во изведбата на МОБ во Крушево, каде покрај партизаните и Гоце Делчев, се опева и леењето на фашистичка крв.

     

    Со векови окованa во пранги,
    од ропство пишти Македонија,
    појќе не трпиме бесчесни лаги,
    во бој последен борци влегоа!

    Во борба, во борба, во борба,
    македонски народе.
    За света народна слобода
    со песни и радост се мрее!

    Излеговме ние смели партизани,
    над нас на Гоце знамето се вее,
    во гори, полја и на сите страни,
    фашистичка крв насекаде се лее.

    Синови сме на нашата татковина,
    на илинденските наследници,
    строиме живот, слобода, иднина,
    за, жени, деца, старци, младинци.

    На социјалните мрежи објаснување даде поп пејачката Елена Петреска, која е дел од МОБ, која вели дека аранжманот на песната бил направен пред повеќе од десет години, и никој со сила не можел да ги натера хористите да менуваат текст или да пеат поради нечиј интерес.

    – Не е исфрлена, зошто паѓате веднаш на провокации, аранжманот кој го пеевме е стар сигурно повеќе од една деценија. Не е направен специјално за оваа пригода, а и не може никој да не натера со сила да пееме или менуваме нешто заради нечии интереси. Тоа го тврдам! Се плука по нашата работа, а таму пеевме за дневница од 700 денари, при што цел ден се печевме на сонце. Не е фер да се измислуваат приказни за нечиј труд! Тријат раце порталите од читаност за вакви приказни на кои само подводливи луѓе веруваат – реагира Петреска на објава од нејзиниот колега Владимир Блажев од дуото ДНК.

    Тој реагираше дека химната и песните напишани од маката на народот никогаш никој нема да може да ги смени, а оние кои ја исфрлија строфата на настанот во Крушево, ги нарече предавници од кои ќе се срамат нивните поколенија.

    Слична реакција во минатото предизвика и изведбата на македонската химна, од страна на Тамара Тодевска, која на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, организирана во американската амбасадата во Скопје во 2019 година, не го испеа стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img