More

    Стефан Ристовски се повлекува од репрезентацијата на Македонија

    spot_img

    Фудбалска Македонија ја потресе соопштението на капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски, кој најави повлекување од националниот дрес. Иако не зборува за репрезентативна пензија, асот на Динамо Загреб го најави повлекувањето како привремено.

    Ристовски, каков што е без влакна на јазикот отворено зборуваше за ситуацијата во репрезентативниот табор. Тој како главна причина за својата одлука нагласи дека се нарушените односи со селекторот Благоја Милевски. Капитенот верува дека работите одат во погрешка насока, а тоа го покажуваат и резултатите.

    „Сакам да ја известам целата македонска јавност и сите медиуми, дека за доброто на репрезентацијата во наредниот период сакам да се повлечам од Македонската фудбалска репрезенатција.

    Ќе бидам искрен и краток.

    Во професионалниот фудбал не треба само да истрчаш на зелениот терен. До успех се доаѓа со план, визија, идеја, сплотеност, услови и почит кон секој репрезентативец, за на крајот да направиш успех.

    За репрезентацијата секогаш сум играл и сум се борел со цело срце, искреност и љубов како во соблекувалната и теренот, така и надвор од него. И покрај сите мои напори и вложувања, гледам дека работите во репрезентацијата одат во погрешна насока, што го покажуваат и резултатите.

    Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му било предочено, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата. На играчите им посакувам среќа и успех во наредниот период.

    Им благодарам на сите навивачи и целата македонска јавност кои безрезервно не бодреа на сите натпревари на кои ги браневме боите на Македонија“, стои во соопштението на капитенот.

    Капитенот на македонската репрезентација не спомена дека се работи за привремено повлекување, меѓутоа контекстот е таков. Проблемите во таборот на Македонија се видливи, па веројатно Ристовски повеќе не сака одблизу да ги гледа случувањата.

    Во септемврискиот репрезентативен циклус, Македонија ќе ја дочека Италија и ќе гостува во Малта во рамките на квалификациите за Европското првенство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img