Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави „целосно праведна одмазда“ како одговор на руското гранатирање на регионот Керсон во кое вчера беа убиени најмалку седум лица, вклучително и едно новороденче.
-Нашите борци низ целата земја возвраќаат на теророт на окупаторите. Не поминува ниту еден ден да не одговориме на руското зло со целосно праведна одмазда – рече Зеленски во дневното обраќање.
Руското Министерство за одбрана вчера извести за нов напад со беспилотни летала врз регионот Белгород, како и гранатирање на северниот регион Курск, кој граничи со Украина. Во саботата, голем облак од чад беше забележан како се издига во близина на мостот кој го поврзува Крим со Русија, откако руските сили за воздушна одбрана соборија два проектила.
-Го уништивме секој окупатор, го запаливме секој дел од руската опрема, гори оган во нивните штабови и магацини. Има чад и на мостот Керчанскиот мост и многу повеќе, сето тоа докажува дека ќе одговориме на секое руско злосторство – рече Зеленски.