Танчарки велат дека Лизо сексуално ги злоупотребувала и не ги плаќала

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако минатата недела три танчарки ја обвинија за сексуално вознемирување и навреди, пејачката Лизо (35) се најде на мета на нови сериозни обвинувања, пишува порталот „Пејџ сикс“.

Тужби поднеле и поранешни танчарки, а тие навеле слични приказни како првите три девојки. Нејзините адвокати ја потврдија оваа информација и изјавија дека ги проверуваат тужбите.

Адвокатот Рон Замбрано откри дека разговарале со танчарите и истакна дека не се работи само за сексуално вознемирување, туку и за неплаќање на вработените.

– Неверојатно е како Лизо и нејзиниот менаџерски тим постапувале со своите изведувачи спротивно на сето она за кое Лизо се залага јавно, додека приватно ги посрамотуваат своите танчари и ги понижуваат на начини кои се апсолутно деморализирачки – рекол Замбрано.

Покрај приказните за сексуално злоставување, обожавателите на американската пејачка која се залагаше за љубов кон себе и позитивност на телото, беа шокирани од сведочењето на танчарка која откри дека Лизо ја нарекла дебела.

Лизо ги негираше сите обвинувања на своите социјални мрежи.

– Овие последни денови беа страшно тешки и крајно разочарувачки. Мојата работна етика, морал и почит беа доведени во прашање. Мојот карактер е критикуван. Обично одлучувам да не одговарам на лажни обвинувања, но колку и да звучат неверојатно, тие се премногу невидени за да ги игнорирам – напишала пејачката.

Share This Article