More

    Во Сплит приведени 27 навивачи

    spot_img

    Полицијата во Сплит приведе 27 лица пред, за време и по фудбалскиот натпревар кој синоќа се одигра на стадионот Пољуд меѓу Хајдук и ПАОК, главно поради алкохолизирана состојба, информира полицијата.

    Во службените полициски простории приведени се 27 лица, од кои 21 поради алкохолизирана состојба, три поради дрога и исто толку за нарушување на јавниот ред и мир.

    Тие најмногу правеле прекршоци според Законот за спречување на нарушувања на спортските натпревари и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Полицијата соопшти дека од вкупниот број приведени, петмина се обиделе да влезат на стадионот со билети кои не биле на нивно име, но брзо се било откриено и тие не влегле на стадионот.

    На стадионот имаше 33.000 посетители, а со обезбедувањето на натпреварот раководеше Сплитско-Далматинската полиција во координација со Управата на полицијата.

    „Полициските службеници пред, за време и по обезбедувањето на јавниот собир презедоа низа оперативни мерки и дејствија од нивна надлежност со цел да се постигнат безбедносни услови за непречено одржување на јавниот собир. За време на јавниот собир евидентирана е употреба на пиротехнички средства за што ќе биде спроведена истрага“, велат од полицијата.

    Оттаму додаваат дека обезбедувањето на натпреварот се одвивало без безбедносни инциденти и дека во текот на целиот ден на подрачјето на Сплит не е забележан ниту еден инцидент поврзан со фудбалскиот натпревар кој би влијаел на безбедносната состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img