Русија кон Месечината ја лансира „Луна 25“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија денеска го лансира лунарното летало „Луна 25“, прво во последните 47 години, во обид да биде првата нација што ќе направи меко слетување на јужниот пол на Месечнината, подрачје за кое се верува дека содржи „џебови“ со мраз, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос, јавуваат светските агенции.

Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, е во трка со Индија, која минатиот месец го лансираше своето лунарно летало „Чандрајан 3“. Индиското летало, според најавите треба да се спушти на Месечината на 23 август.  Во конкуренција се и Соединетите Американски Држави (САД) и Кина кои имаат напредни програми за истражување на Месечината насочени кон јужниот пол на природниот сателит на Земјата.

Ракетата „Сојуз 2.1б“ што го носеше леталото „Луна 25“ полета од космодромот „Восточни“, кој се наоѓа на 5.550 км источно од Москва, во петокот во 2:11 часот по московско време, а нејзината горна фаза со исфрлање на леталото надвор од орбитата на Земјата кон Месечината се случи нешто повеќе од еден час подоцна, потврди руската вселенска агенција „Роскосмос“, пренесува Ројтерс.

Се очекува вселенското летало да ја допре Месечината на 21 август, информира шефот на руската вселенска програма Јуриј Борисов. Руската вселенска агенција Роскосмос претходно го одреди 23 август како датум на слетување.

Леталото „Луна 25“, кое е со приближна големина на мал автомобил, планирано е да остане една година на јужниот пол на Месечината, каде што научниците од НАСА и другите вселенски агенции во последниве години открија траги од воден мраз во кратерите.

Со векови, астрономите го поставуваат прашањето за водата на Месечината којашто е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на НАСА во 2018 година покажаа воден мраз во засенетите делови на Месечината, сокриени од Сонцето. Во 2020 година, НАСА го потврди постоењето на вода во областите изложени на Сончевата светлина.

Share This Article