More

    Либан го забрани филмот „Барби“

    spot_img

    Либанскиот министер за култура забрани прикажување на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и дека е во спротивност со религиозните вредности, објави Ројтерс.

    Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф Саед Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан. Тој побара од либанското министерство за внатрешни работи да ги преземе неопходните мерки за да го спречи прикажувањето на филмот „Барби“

    Министерот за внатрешни работи Басам Мавлави не одговори веднаш на барањата за коментар, соопшти агенцијата.

    Либан беше првата арапска земја што одржа недела на  гордоста во 2017 година и се смета за безбедно засолниште за ЛГБТ заедницата на инаку конзервативниот Блиски Исток. Меѓутоа, ова прашање неодамна се најде во фокусот, предизвикувајќи тензии, објави Ројтерс.

    Мавлави минатата година донесе одлука да ги забрани настаните „кои промовираат сексуална перверзија“ во Либан, за кои се верува дека се однесуваат на собири прилагодени за ЛГБТ лицата. Во говорот минатиот месец, Насралах ги повика либанските власти да преземат мерки против материјалот за кој верува дека промовира хомосексуалност, вклучувајќи ја и неговата забрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img