Владо Јаневски – бренд амбасадор на Nissan Qashqai

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејки автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзеде чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движење. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai, вели пејачот Владо Јаневски.

– Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai, добар за околината и уште подобар за мене! – изјави Јаневски.

Најновиот модел на Qashqai е изработен на новата платформа на Alliance CMF-C која ги поткрепува неговите технолошки надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот.

Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за управување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење EV – без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор – агрегат за полнење на литиум-јонската батерија со која се полни електричниот мотор.

Ултимативен кросовер

Внатрешноста на новиот Qashqai е напредна и софистицирана. Јасен и функционален 10,8“ дисплеј, 12,3“ дигитална инструмент табла* и 9“ HD NissanConnect дисплеј* со напредни поврзани услуги. Трите големи екрани работат заедно во совршена синхронизација за побезбедно, појасно и пооптимизирано возење.

Вашиот личен простор никогаш не бил поинтимен и персонален

10,8“ WINDSCREEN HEAD-UP DISPLAY. 12,3“ FULLY DIGITAL METER – екран со висока резолуција со големи можности за конфигурација врз основа на расположениетo или потребaтa на возачот.

- Advertisement -
Ad image

Максимален капацитет за багажен простор – до 1.593L

Around View Monitor ви овозможува 360° преглед на вашиот автомобил, со фокусиран избор на погледот на предниот, задниот како и страничен дел, со цел да ви помогне да паркирате со доверба и супер контрола, 4 камери со висока резолуција за појасен преглед на околината на помала брзина како и одредени ситуации во паркирањето за побезбедно чувство.

Опремен со напредни технологии дизајнирани да го следат патот, да се осигурат дека сите патници се безбедни и да дадат максимален мир при возењето.

- Advertisement -
Ad image

ProPILOT со NAVI-Link

И многу повеќе за неговите карактеристики на следниот линк: http://nissan.mk/vozila/noviot-nissan-qashqai/

Моделот Nissan Qashqai е изложен во ексклузивниот салон на брендот Nissan и е достапен за тест возење.

Share This Article