More

    Родителите и другите членови на семејствата на жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ поднесоа тужба против семејството на момчето кое на 3 мај ги уби своите врсници како и училишниот чувар

    spot_img

    Родителите и другите членови на семејствата на жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска поднесоа тужба против семејството на момчето (14) кое на 3 мај ги уби своите врсници како и училишниот чувар.

    Според информации на српските медиуми, една тужба поднеле вкупно 27 тужители, членови на семејствата на убиените.

    Обвинети се момчето убиец, неговата мајка и татко.

    „Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, т.е. исплата на одредена сума пари од денот на пресудата, доколку има услови за тоа – а на име идна нематеријална штета за претрпената душевна болка поради смрт на блиско лице“, вели извор за Блиц.

    Веќе е поднесена тужба против мајката на момчето убиец. Ја тужеа четворица членови на семејството на една од жртвите во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“. Побарале отштета од околу 300.000 евра.

    На таткото и мајката на момчето убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижен имот и пари. Ова претходно го усвои Вишиот суд во Белград на предлог на семејствата на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“. Сепак, тоа е само привремено решение, чија цел е да се обезбедат средства за исплата на отштета на семејствата на жртвите за смртта на нивните најблиски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img