More

    Сериозно предупредување од НАТО за ситуацијата во Нигер

    spot_img

    Поранешниот врховен командант на НАТО за Европа, Џејмс Ставридис, предупреди дека кризата во Нигер може да доведе до „сеопфатна војна во Африка“.

    Воен извор изјави за Си-Ен-Ен дека армијата на Нигер донела конвој од околу 40 пикап камиони од други делови на земјата во неделата навечер.

     

    Затворен воздушниот простор

    Водачите на воениот удар во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата и донесоа засилување откако западноафриканската група земји (Ecowas), предупреди дека ќе употреби сила доколку претседателот Мохамед Базум не биде вратен на власт.

    Базум беше уапсен на 26 јули, а генералот Абдурахман Тчиани, командант на претседателската гарда, се прогласи за нов лидер, што наиде на осуда од лидерите од Африка, Франција, Европската Унија и САД.

    САД евакуираа дел од персоналот од својата амбасада во главниот град на Нигер, Ниамеј, додека околу 1.000 американски војници стационирани во земјата беа ограничени во нивните бази. Американскиот државен секретар во петокот рече дека одредени програми за странска помош за владата на Нигер привремено се суспендирани.

    Ecowas (Економска заедница на западноафриканските држави) е регионален трговски блок од 15 земји, вклучувајќи ги Нигерија, Сенегал, Того и Гана, кои поставија ултиматум барајќи од генералите да ја предадат власта до полноќ во неделата.

    „Странска сила“ подготвува напад врз земјата

    По кризниот состанок во петокот, комесарот за политички прашања, мир и безбедност на Ecowas, Абдел-Фатау Мусах, рече дека тие „направиле планови за интервенција“, кои вклучуваат „како и кога ќе распоредиме сили“.

    Сепак, претставник на нигерската хунта рече дека имаат информации дека „странска сила“ подготвува напад врз земјата. Во меѓувреме, илјадници поддржувачи на воениот удар се собраа на стадионот во главниот град Ниамеј.

    Двете соседни земји на Нигер, Буркина Фасо и Мали, кои исто така неодамна организираа воени удари, претходно предупредија дека секоја надворешна воена интервенција во Нигер ќе ја третираат „како објава на војна“ против нив.

    Нигер игра клучна улога во борбата на Западот против исламистичките милитанти во Сахел, како и во трговијата со луѓе.

    Кризата претставува значаен проблем за Франција, која може да загуби воен партнер во регионот и пристап до 30% од ураниумот, кој ѝ е потребен за производство на нуклеарна енергија.

    – Нигериското ураниумско богатство се развива преку заеднички потфати меѓу владата на Нигер и француската државна фирма за ураниум, и тие договори не можат лесно да се откажат – изјави Роберт Беселинг, извршен директор на компанијата за безбедност и разузнавање Пангеа-Риск за Њусвик.

    Според Беселинг, прашањето е дали Нигер сигурно ќе го изгуби пристапот до фондовите на Меѓународниот монетарен фонд, буџетската поддршка и обемните инвестициски обврски, доколку се откажат француските рударски договори. Иако, како што посочува, операциите на нафтениот сектор започнати од Кина веројатно нема да бидат засегнати.

    Во својата проценка по пучот, Пангеа-Риск посочува дека опозициската коалиција М62 најверојатно стои зад антифранцуските демонстрации во Нигер.

    Тие беа поддржани и од УАСН, Коалиција од 14 синдикати – која ги повика сите француски фирми да го напуштат Нигер и сите странски воени бази во земјата да бидат затворени.

    „Доколку новата хунта цврсто не ја преземе власта во наредните денови, политичкиот вакуум ќе ја зголеми веројатноста за судири и избувнување на пошироки немири“ – се вели во нивната проценка.

    Сојузништво со Русија и присуство на „Вагнер“

    Немирите ги зголемија стравувањата дека хунтата може да бара промена во сојузништвото со Русија, вклучително и вмешаност на групата платеници Вагнер, чиј лидер Евгениј Пригожин го поздрави потегот против француските „колонизатори“.

     

    – Владата на Русија, и по аналогија руските приватни воени фирми, дефинитивно ќе се обидат да воспостават контакт со новата хунта во Нигер, со оглед на стратешките ресурси и важноста на земјата како западен партнер во борбата против тероризмот и контролата на имиграцијата – истакнува Беселинг, иако тој не верува дека тоа ќе значи приближување на „прокси војната“ на Русија со Западот.

    Терминот прокси војна значи вооружен конфликт помеѓу две држави или недржавни актери кои дејствуваат на поттик или во име на други страни кои не се директно вклучени во непријателствата. За да може одреден конфликт да се смета за прокси војна, мора да постои директна, долгорочна врска помеѓу надворешните актери и вклучените воинствени страни.

    БУРНА ИСТОРИЈА НА НИГЕР Четири државни удари, атентати, убиен претседател

    Нигер е земја лоцирана во Западна Африка. Се граничи со Либија, Чад, Нигерија, Бенин и Буркина Фасо, Мали и Алжир и зад себе има турбулентна историја.

    Како една од најсиромашните земји во светот, Нигер, според податоците од 2022 година, има приближно 24,5 милиони жители.

    Името на земјата доаѓа од истоимената река, која тече низ западниот дел на земјата каде се наоѓа главниот и најголемиот град Ниамеј.

    На Берлинската конференција во 1885 година, колонијалните сили се согласија да ја поделат Африка на сфери на влијание. Како резултат на тоа, Франција ја презеде контролата над долината на реката Нигер (денешни Мали и Нигер).

    Воената територија на Нигер била создадена во рамките на колонијата Горен Сенегал и Нигер (подоцна Буркина Фасо, Мали и Нигер) во 1904 година, со главен град Ниамеј. Границата со Нигерија, британска колонија, е воспоставена во 1910 година.

    Во 1922 година Нигер официјално станал целосно француска колонија.

    Франција генерално усвои форма на индиректно владеење, дозволувајќи им на локалните структури да продолжат да постојат во колонијалната рамка на управување, под услов да ја признаат француската надмоќ.

    По усвојувањето на Законот за прекуокеански реформи и формирањето на Петтата Француска Република на 4 декември 1958 година, Нигер стана автономна држава во рамките на Француската заедница. На 18 декември истата година, официјално беше создадена автономната Република Нигер, под водство на Хамани Диори.

    Во јули 1960 година, Нигер одлучи да ја напушти Француската заедница и се здоби со целосна независност на 3 август. Диори стана првиот претседател на земјата.

    Во текот на првите 14 години од независноста, Нигер беше управуван од еднопартиски цивилен режим под претседателство на Амани Диори кој ги задржа односите со Франција, на која Диори ѝ овозможи експлоатација на ураниум во областа Арлит и ја поддржа во војната во Алжир.

    Диори преживеа обид за државен удар во 1963 година и атентат во 1965 година. Повеќето од овие активности беа иницирани од МСА на Бакари, која имаше неуспешен обид за бунт и во 1964 година.

    Следниот државен удар во Нигер го предводеше полковникот Ибрахим Баре Мајнасара. Претседателот Усман беше соборен, со што заврши периодот на Третата република.

    Полковникот Мајнасара беше избран за претседател на изборите на 6 јули 1996 година.

    По лажните локални избори во 1999 година, опозицијата ја прекина соработката со режимот. Под непознати околности, најверојатно во обид да побегне од земјата, Мајнасара беше убиен на аеродромот Ниамеј на 9 април 1999 година.

    На претседателските избори во ноември 1999 година победи Мамада Танџа. Тој спроведе административни и економски реформи и помогна за мирно решавање на деценискиот спор околу границата со Бенин.

    Танџа освои и втор мандат и со тоа стана првиот претседател на Нигер кој победил на последователни избори без да биде соборен со воен удар.

    Со државен удар во февруари 2010 година беше формирана воена хунта, на чело со Салу Џиба, како одговор на обидот на Танџа да го продолжи својот мандат. Врховниот совет за обновување на демократијата спроведе едногодишен транзициски план, подготви устав и одржа избори. Во 2011 година Махамаду Исуфу беше избран за нов претседател и беше реизбран во 2016 година.

    Уште еден обид за државен удар беше спречен во 2011 година. Мандатот на Исуфу беше обележан со закани за безбедноста на земјата.

    Кон крајот на 2020 година се одржаа избори по објавата на Исуфу дека ќе се повлече, што овозможи мирна транзиција на власта. Бидејќи ниту еден кандидат не освои апсолутно мнозинство, Мохамед Базум беше избран за претседател во вториот круг, победувајќи го поранешниот претседател Махамане Усман.

    Безбедносните сили на Нигер спречија обид за државен удар на воената единица во Ниамеј само два дена пред Базум да положи заклетва на 2 април 2021 година.

    Седмата република исто така беше завршена со државен удар. Во доцните часови на 26 јули 2023 година, Базум беше соборен со воен удар, а два дена подоцна генералот Абдурхамане Цијани се прогласи себеси за де факто шеф на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img