Илјадници луѓе се простуваат од ирската пејачка Шинејд О’Конор, која почина на крајот на јули

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илјадници луѓе се простуваат од ирската пејачка Шинејд О’Конор, која почина на крајот на јули.

Погребното возило со ковчегот патува долж брегот на градот Бреј, а ожалостените поставуваат цвеќиња на покривот. Предвидено е погребната поворка да помине покрај куќата во која О’Конор живеела 15 години.

 

Улиците се полни со обожаватели и пријатели кои сакаат да и оддадат почит на пејачката.

Погребното возило го следи комбе од кое се слушаат песните на починатата пејачка.

Откако луѓето ќе и оддадат почит, Шинејд О’Конор ќе биде погребана на приватна погребна церемонија на која ќе присуствуваат само блиските пријатели и семејството, пренесува „Индепендент“.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Потсетуваме, познатата ирска пејачка почина на 56-годишна возраст. Таа стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна обработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се „This is the Day“, „Thank You For Hearing Me“, „This is a Rebel Song“ и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article