Бурата Ханс донесе невреме и силен дожд во Шведска и Норвешка, некои патишта беа под вода, а имаше и прекини во железничките и фериботите.
Во Шведска во неделата се забележани повеќе од 25.000 удари од гром. Во Малме имало краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради што повеќе од 5.000 луѓе останале без, објави телевизијата СВТ.
Поплавени куќи и подруми беа пријавени во северниот округ Вестернорланд.
Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата во земјата и предвидуваат дека Ханс може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.Норвешкиот метеоролошки институт, кој ја именуваше бурата Ханс, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка, кои ќе бидат во сила до вторник навечер.
Некои општини се предупредени и за можни одрони.
Властите ги советуваа луѓето да работат од дома.
Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепаркен во близина на Ставангер веќе објави дека ќе остане затворен во вторник.