More

    Рано е да се фалиме дека годинава ќе биде пониска од 10%

    spot_img

    Трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи зголемување од 8,4%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9%, објави Државниот завод за статистика.

    Граѓаните се жалат дека сè уште купуваат скапи производи, а Владата се пофали дека со ангажманот и со мерките постигнала инфлацијата да се намали дополнително и во текот на овој месец, кога трошоците на животот за еден месец се зголемени само за 1,1%, а цените на мало за 1,6%.

    Економистите велат дека е рано да се навести дека инфлацијата годинава да биде под 10%, бидејќи пред нас е период на најавени високи цени на енергенсите и на главните прехранбени производи.

    Податоците на Статистика покажуваат дека за една година, јули 2022 – јули 2023, трошоците на живот кај храната бележат зголемување од 12%. Најголем пораст има кај зеленчукот од 21,5%, кај овошјето од 17,7%, потоа кај месото сирењето и јајцата од 13% и кај житата и лебот од 10,9%. Во овој период има зголемување на трошоците и кај алкохолните и безалкохолните пијалаци, како и кај облеката и обувките и угостителските и хотелските услуги и кај режиските трошоци.

    Статистика пресмета и пораст на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на јуни годинава и тоа најмногу кај свежото и разладеното овошје за 12,6%, лебот и житата за 3,8%, сирењето и урдата за 1,8%, рибата и морските плодови, млекото за 0,9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5%, пивото за 0,3% и месото за 0,2%.

    Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 30,9%, електричната енергија за 4,3%, услугите за сместување за 4,2%, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,8%, течните горива за домаќинствата за 2,5%, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,4% …

    Ваквите резултати владините претставници денеска ги коментираа како резултат на мерките коишто ги презеле во изминатиот период, но граѓаните велат дека цените на производите и натаму се високи за нивниот буџет што е потврдено и од податоците на Статистика.

    Според нив, од јули лани до јули годинава, цените на прехранбените производи се зголемиле за 11,9%. Најголем пораст има кај цените на земјоделските производи од 14,9%

    Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги бројките, на Фејсбук напиша дека Владата максимално посветено работи, со сите расположливи мерки, инфлацијата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните. Според него, овие бројки се во согласност и со владините проекции, со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9%.

    Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека за да се оствари целта, веќе се подготвуваат  мерки од страна на Владата, заедно со бизнис-секторот и со Организацијата на потрошувачите, кои ќе се активираат ќе се стават од септември или пак од почетокот на октомври, доколку има потреба за тоа.

    И економистот Маријанчо Николов вели дека граѓаните се потешко го чувствуваат порастот на цените, кој и според него, е можен во следниот период, бидејќи нивната куповна моќ е намалена.

    – Не е време за фалби дека инфлацијата се намалува. Не очекува есента и зимата, за кога се најавуваат повисоки цени на енергенсите. Нафтата, со најавите на Саудиска Арабија, од сега почнува да има повисоки цени, а се очекува и гасот и струјата во периодот на греење да растат. Не како минатата година, но ќе растат. Сето тоа ќе влијае на раст и на цените на прехранбените производи, во кои енергенсите се повисок трошок. Дополнително, поради слабиот квалитет на пченицата, ќе биде потребен увоз на поквалитетна пченица која ќе биде поскапа, а тоа ќе влијае и на цената на брашното и на лебот. Поради свинската чума, најавено е и зголемување на цената на ова месо кое се користи во производството на одделни месни преработки. И тука може да се очекуваат повисоки цени. сето тоа значи дека е рано да се навестува дека инфлацијата годинава ќе се  задржи под 10% – вели Николов.

    Според него, Владата се соочува со поголем број предизвици за да го реализира она што го планираше за годинава.

    – Најверојатно е дека ќе бидат потребни нови мерки, со кои ќе се зауздаат цените, ако поради повисоките цени на трошоците кај компаниите цените на нивните производи почнат  да растат. Потребно е да се следи и однесувањето на поразвиените држави во однос на снабдувањето со енергенси, со купување однапред фјучерси, за да се задржи пониско ниво на цените. Ако тоа не е можно, владата ќе мора да размислува за субвенции – вели Николов.

    Тој не очекува драстичен пораст на цените на енергенсите како минатата година, но вели дека пазарите сè уште се под влијание на украинската криза и големите производители на енергенси, зависно од потребата за зголемување на профитите, играат со цените на енергенсите.

    – Тоа моментално го прават производителите на нафта, а не е исклучено пак да видиме и високи цени на другите енергенси, н струјата и на гасот – предупредува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img