Голем пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо шире
Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона.
Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пожарот бргу се шири и упатено е барање од нивна страна за подршка за гаснење од возух.
– Очекуваме секој момент да дојде поддршката од хеликоптер, а пожарот се шири со голема брзина. Пожарот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“, но теренот е непристапен и тешко оди смирувањето на огнената стихија – изјави за МИА градоначалникот на Дојран, Ангов.