More

    Ова е најлуксузниот затвор во светот

    spot_img

    Затворот „Халден“ во Норвешка нема решетки и изгледа како луксузен хотел – затворениците имаат телевизор, лична бања, па дури и клуч од ќелијата… А пак, уметничкиот графит во стилот на Бенкси, којшто го краси надворешниот ѕид, наводно чинел над милион евра.

    Инаку, во „Халден“ престојуваат 252 криминалци, осуденици за убиства, силување и други злосторства.

    „Поубаво е од станот што го изнајмувам. Еве го мојот нов пензиски план“, „Ова не е затвор, ова е викендица“ – гласат дел од коментарите на Тикток за затворот во градот Халден.

    Во поправниот дом за којшто и самите власти се фалат дека е „најхуманиот затвор на светот“, секоја ќелија има своја бања, опремена кујна, телевизор со рамен екран, мини-фрижидер, а осуденикот има и свој клуч. За 12 до 15 привилегирани соби има и кујна од висока класа со работни плочи од нерѓосувачки челик, дневни соби со софа во стилот на ИКЕА, маси за карти и други друштвени игри. Затворот за кој биле потребни 10 години и неверојатни 160 милиони евра за да се изгради, има и ѕид за искачување, цел супермаркет и студио за снимање.

    „Разгалените затвореници“ имаат право и на две посети од партнер(ка) секоја седмица, во соби без прозорци и ненадгледувани. И во овие интимни простории за посета, постелнината е чиста, имаат сопствена бања, крпи и кондоми.

    За семејствата, исто така, дозволена е една посета во три месеци, па има и соби за деца и градинка полна детски играчки.

    Затвореникот Амунд објасни како изгледа дел од животот тука.

    – Треба да се знаат правилата, а жените и девојките (на затворениците) доаѓаат со своите деца на една-две ноќи за викенд. Се работи за повторно поврзување на затворениците со нивните деца. Можеби некои долго време не ги виделе – изјави тој.

    Норвешките власти тврдат дека оваа удобна средина помага да се намали и онака ниската стапка на криминал во земјата.

    Норвешкиот уметник Долк, инаку, е сликарот на муралот на ѕидините на „Халден“. Тој вели:

    – Во норвешкиот затворски систем, нагласката е на човековите права и почитувањето. Не гледам ништо од ова како на  нешто необично. Кога ќе дојдат в затвор, многу од нив (осудениците, з.п.), се во лоша состојба и сакаме да ги подигнеме, да им дадеме самоувереност преку натамошно образование и работа и потоа да си заминат како подобри луѓе – рече тој.

    Стапката на повторени престапи во Норвешка е 20 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img