More

    Кривична пријава за тетовец и двајца странски државјани

    spot_img

    Против 42-годишен тетовец и двајца странски државјани поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело против правно лице од Скопје, со локација на просторот и површината за одгледување на канабис во с.Корешница, Демир Капија. Полициската контрола утврдила дека пријавените, обработен сув цвет од канабис не го спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти.

    „Eдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од Тетово, М.Б.С. од Канада и Д.К. од Албанија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по чл.95-в ст.2 и против правно лице од Скопје, по чл.95-в ст.1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

    При извршена контрола во правното лице на 19.07.2023 од страна на полициски службеници од МВР и овластени лица од Министерство за здравство-Комисија за оценување на исполнување на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, со локација на просторот и површината за одгледување на канабис во с.Корешница, Демир Капија, било утврдено дека пријавените, во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги, пријавената количина на обработен сув цвет од канабис не ја спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти, туку ја спакувале во најлонски и алуминиумски кеси, што е спротивно на чл.29-ѓ од наведениот Закон. Тие, исто така, до Министерството за здравство не доставиле известувања за настанати промени, што е спротивно на чл.29-г од законот, како ни за бројот на собрани стебла и сува маса по завршената берба на канабисот, што е спротивно на чл.29-д од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори“ – извесуваат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img