Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.