Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје умерено облачно со засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степена.
Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.