Русија осуди диверзант на 22 години затвор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Воениот суд во Русија денеска го осуди руско-украинскиот државјанин Сергеј Белавин на 22 години затвор за минирање на железничката пруга во областа Брјанск.

Како што рече судијата, покрај затворската казна што ќе ја одлежи во колонија на строг режим, Белавин е казнет и со парична казна од 600.000 рубли (6.000 евра).

Истражниот комитет на Руската Федерација соопшти дека тој е прогласен за виновен за кривичните дела обука за терористички активности, терористички напад како дел од организирана група, недозволено држење, транспорт и складирање експлозив и недозволено производство на експлозивна направа.

Нагласено е дека истрагата утврдила дека Белавин бил регрутиран во 2019 година од претставници на Главната разузнавачка управа на Украина и дека се приклучил на организирана група под нивно раководство за парична награда.

Се додава дека тој во периодот од 2019 до 2021 година поминал обука за терористички активности во Украина, организирана од специјалните служби на Украина, каде се стекнал со вештини за ракување со експлозиви, познавање разузнавачки тактики, собирање и пренесување информации и заговор.

Белавин е обвинет дека во јуни 2022 година пристигнал на територијата на Русија, каде со помош на членови на организирана група пронашол магацин со експлозиви, со кои направил експлозивна направа со далечинско управување, која ја поставил на пругата кај селото Робчик во Брјанската област.

Тој ја активирал експлозивната направа на 9 јули 2022 година, во моментот кога минувал товарен воз од Белорусија. Во експлозијата немаше повредени, но беа оштетени возот и железничката пруга, поради што на таа локација долг период беше прекинат железничкиот сообраќај.

Share This Article