Џони Деп се онесвести во хотелската соба, откажан концертот во Будимпешта
Холивудскиот актер и музичар Џони Деп синоќа требаше да настапи со својот бенд „Холивуд вампири“ во Будимпешта, но концертот беше откажан.
Џони се онесвестил во својата хотелска соба, по што бил повикан лекар, а групата не успеала ниту да се качи на сцената, пренесува The Mirror.На социјалните мрежи многу фанови ја изразија својата загриженост за Џони и му посакаа брзо закрепнување.
Иако тоа не беше наведено како официјална причина за откажување на настапот, на социјалните мрежи наголемо се споменува склоноста на Деп за прекумерно консумирање алкохол.