Освоено е околу 90 до 95 отсто од територијата на Мариупол, тврди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој истакна дека поголем број од украинските борци е лоциран во металушкиот комбинат „Азовстал“.
– На слободната територија од градот постепено се враќа живот. Луѓето излегуваат на улица од своите скривници, уморни од експлозиите и гладта. Некои дури возат и автомобили – меѓу другото истакна Кадиров.
Тој објави видео од акцијата на чеченските борци, кои како дел од војската на Руската Федерација учевствуваат во инвазијата во Украина.