More

    Сексапилната славна актерка повторно слободна по седум години брак

    spot_img

    Славниот пар Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по 7 години брак.

    Откако Вергара неодамна го прослави својот 51-ви роденден без Манганиело, започнаа гласини за нивната разделба. Колумбијката моментално ужива во Капри, Италија, каде го прослави роденденот со група пријатели, но на повидок не беше ниту Џо, ниту нејзиниот венчален прстен.

    Исто така, тој сомнеж дополнително го заинтригира продажбата на нивната вила во Лос Анџелес.

    По тоа, извор близок до актерката изјавил во медиумите дека тие се оддалечиле за да размислат за својата иднина, додека сега Вергара и Манганиело ги потврдија таквите гласини.

    – Донесовме тешка одлука за разводот. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека проаѓаме низ оваа нова фаза од нашите животи – изјавиле тие за медиумите.

    За последен пат биле заедно видени минатиот месец кога Вергара го посетила Манганиело на снимањето на неговиот нов проект „Nonnas“ на кој работи со Винс Вон.

     

     

    За потсетување, парот се венчаше на раскошна церемонија во Палм Бич во ноември 2015 година, а се запознале додека Вергара била верена со бизнисменот Ник Лоеб.

    – Бев на турнеја кога дознав дека Софија е повторно сингл. Го набавив нејзиниот број од еден нејзин колега и одлетав во Њу Орлеанс за да ја изведам на вечера – низ смеа во една прилика раскажал актерот кој признал дека таа отсекогаш му се допаѓала, но била зафатена.

    Од друга страна, актерката открила дека на почетокот се чувствувала многу старо покрај Манганиело бидејќи тој е 5 години помлад од неа, поради што некое време таа се двоумела дали да излезе со него.

    – Не сакав да се натпреварувам со другите за неговото внимание. Мислев дека сум престара да се борам со другите жени кои го сметаат за атрактивен. Тоа и му го кажав – презгоден си, тоа ќе биде премногу работа за мене и не сакам да излеземе – искрено признала Вергара, но подоцна очигледно се предомислила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img