Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за ковид-19 центарот.
Демири, кој е специјалист инфектолог, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнал со титулата примариус доктор.
Илир Демири е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести.
Добитник е на титулата „Европска личност за 2020 година”, што ја доделува Европското движење, врз основа на гласање на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.