More

    Трифонов вели во Македонија 100.000 граѓани се плашат да се наречат Бугари

    spot_img

    Ако Северна Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се дефинираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, пренесува БГНЕС.

    Тој реагира на официјалните информации на Државниот завод за статистика за пописот во земјава.

    – При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Северна Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Северна Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Северна Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен, пишува Трифонов и додава:

    „Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“.

    Тој прашува зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Северна Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа?

    – Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан – вели Трифонов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img